Италиjанската актeрка Орнела Мути доби условна осуда и казна затоа што лажела дека е болна за да го пропушти учеството во театарска претстава, а место тоа била на вечера со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ДПА.
Судот во градот Порденоне, во североисточна Италија, утврди дека Мути е виновна за измама. Во декември 2010 година таа го убедила својот лекар да и издаде фалсификувано боледување дека има ларингит и дека не може да ја игра улогата во претставата во театарот во Трст за која веќе добила хонорар од 25. 000 евра. Место тоа актерката учествувала на добротворната вечера во родниот град на Владимир Путин, Санкт Петербург. На вечерата бил и самиот Путин и актерот Кевин Костнер.
Мути беше осудена на осум месеци затвор и парична казна од 600 евра. Судијата во предметот, меѓутоа, утврди дека Мути може да ја избегне затворската казна доколку плати 30.000 евра, за да ги покрие штетите предизвикани во театарот, во кој требало да учествува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.