Вооружени и маскирани разбојници утрово околу 3 часот ограбиле клуб за игри на среќа во скопската населба Карпош.
Двајцата разбојници упаднале во клубот „Астра“ и им се заканиле на тројцата вработени дека ќе ги убијат ако не им ги дадат парите.
Од касата зеле околу 380 илјади денари, а потоа избегале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


