Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ги предупреди руските сепаратисти да не го напаѓаат украинскиот град Мариупољ, затоа што тоа повторно ќе ги стави под знак прашалник Минските договори.
И покрај новиот прекин на огнот, што стапи во сила на 15 февруари, бунтовниците воспоставија контрола врз Дебалцево по повлекувањето на украинските сили.
Во Украина многумина стравуваат дека Мариупољ може да стане следна цел на сепаратистите.
– Се надеваме дека по настаните во Дебалцево нема да има други обиди на сепаратистите да ја прошират зоната на влијание – рече Штајнмаер по средбата во Париз со шефовите на дипломатиите на Франција, Русија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим