| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Да ги прележиме нашите демократски „мали сипаници“

братислав

Имаме света должност пред нашите славни предци, но и пред идните поколенија, да го разгориме пламенот на нашиот непокор и конечно да ставиме крај на сите неизвесности и опасности што ја следат нашата татковина.

Ова во разговор за „Телеграф“ го истакнува драматургот Братислав Димитров, кој е еден од покренувачите на неформалното Граѓанско движење за одбрана на Македонија.

T: На домашната сцена сте присутен како драматург, автор на сценарија, колумнист.. Кога би направиле драмски текст за актуелната политичка, општествена, културолошка состојба во државата, како би го именувале?

– Мене како и секој граѓанин ме интересираат дневните настани, но како драматург ме интересира феноменот што стои зад нив. Актуелната политичка ситуација е добар материјал за колумни, есеи, скечеви, циркус, а во последно време најмногу има работа за психијатри.

Драмата секогаш се вика Македонија и не престанала да се прикажува уште од балканските војни сè до овој миг. Само се менува жанрот.

Т: Велешкиот театар неодамна ја почна својата работа со вашиот драмски текст „Најважната работа во светот“. Која е најважната работа за Македонија во мигов?

– Ние постојано сме жртви на жестока пропаганда и манипулација. Преку странските служби и домашните измеќари, ни ја продадоа шарената обланда за Eвропската унија и НАТО.

Сега кога ЕУ (новата римска империја) почнува да пука по своите шевови, народот е збунет и уплашен. Сега е мигот македонскиот народ да се обедини и (како и многу пати во својата историска голгота) да ги брани своите национални интереси.

Т: Патриоти – предавници.. Два спротивни термина станаа нераскинлив дел од нашето секојдневие. Што зборува тоа за едно општество?

– Тоа зборува дека треба да ги демистифицираме сите хронични штетници на нашата татковина. Тоа се истите оние несреќи што на избори излегуваат со пароли од типот „еден е изборот“, „еден е патот“, „има прашања што не заслужуваат одговор“ и слични, кои неодоливо потсетуваат на процесот во Нирнберг кога нацистите се бранеа со „аргументот“ дека „немале избор“, односно дека имале „само еден избор“.

Т: Го формиравте Движењето за одбрана на Македонија. Кога ќе дојде мигот за тоа да се расформира, односно да си ја исполни целта што е кажана во самиот негов назив?

– Македонците се вреден, скромен и добар народ. Македонците се древни души со вековни историски искуства. Македонците повторно се наоѓаат на историска ветромет и загроза.

Ние имаме света должност пред нашите славни предци но и пред идните поколенија, да го разгориме пламенот на нашиот непокор и конечно да ставиме крај на сите неизвесности и опасности што ја следат нашата татковина.

Целото интервју прочитајте го на Телеграф

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top