Русија во моментов нема намера да ѝ даде финансиска помош на Грција, изјави рускиот заменик-министер за финансии, Сергеј Сторчак.
Грчките медиуми, кои ја пренесуваат изјавата на Сторчак, додаваат дека тој информирал оти во рускиот буџет за оваа намена нема предвидени средства.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, пред тоа рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, изјави дека Русија ќе го разгледа прашањето за обезбедување средства за Грција.
– Можеме да замислиме ситуација дека ако такво барање биде испратено до Владата на Русија, ние задолжително ќе го разгледаме, но ќе ги земеме предвид сите фактори што влијаат врз нашите билатерални односи меѓу Русија и Грција. Тоа е сѐ што можам да кажам – изјави Силуанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.