| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Ланеган утре ќе одржи концерт во МКЦ

mark
Во рамки на промотивната турнеја по повод новиот албум насловен „Phantom Radio“, утре, 25 февруари, во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје првпат гостува големиот Марк Ланеган со својота група.
Марк Ланеган има 50 години. Штотуку го објави својот нов албум насловен „Phantom Radio“. Тоа е неговиот деветти соло-албум, но ако ги сметаме соработките со Изобел Кембел, Дјук Гарвуд или со едната половина од „The Gutter Twins“, неговото тековно партнерство со Грег Дули или, пак, неговиот поранешен легендарен прв бенд „Screaming Trees“, тогаш таа бројка се движи некаде околу 20. Гостувал на многу други албуми, така што статистиката вели дека за 50 години учестувал или бил дел од 50 музички албуми.
Билетите за концертот се 600 денари и се продаваат на билетарницата на МКЦ.
mark1
Вратите за концертот се отвораат во 20 часот, а програмата почнува во 20.45 часот.
На оваа турнеја го придружуваат и изведувачите Дјук Гарвуд  од Англија и Lyenn од Белгија. Програмата почнува во 20.45 со Lyenn. Во 21.10 е настапот на Гарвуд, а во 22.15 почнува концертот на Марк Ланеган бенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top