Германската пресметка меѓу Кил и актуелниот европски првак Фленсбург ќе биде во фокусот на вниманието на ракометната јавност, а ждрепката во Виена одлучи уште во осминафиналето во ЛШ да има реприза од ланскиот меч за титулата. Во Келн пред неполна година Фленсбург го изненади гигантот Кил и се закити со првата и историска европска круна.
„Зебрите“ од Кил и овојпат се фаворити, беа привилегирани при ждрепката, како првопласирани во групата А, а Фленсбург веројатно беше најнепосакуваниот противник од четвртопласираните екипи во фазата по групи. Уште една пресметка на две екипи од иста земја ќе има на двомечот меѓу Данкерк и ПСЖ, а Франција сигурно ќе има барем еден четврт-финалист.
Кирил Лазаров и Барселона имаа добра ждрепка, а противник во нокаут- фазата ќе им биде дански Алборг.
Комплетен распоред на осминафиналните двојки во ЛШ: Висла – Вардар, Фленсбург – Кил, Алборг – Барселона, Монпелје – Кјелце, Данкерк – ПСЖ, Рајн- Некар Левен – Пик Сегед, Загреб – Колдинг, Ла Риоха – Веспрем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.