| четврток, 6 декември 2018 |

Естер Окаде има 10 години и е најмлад студент по математика во светот

ester

Естер Окаде

Естер Окаде го минува слободното време како и многу други десетгодишни девојки – си игра со кукли. Но, клучната разлика меѓу неа и другите деца е тоа што таа е примена на универзитетските студии по математика, иако уште нема завршено ниту основно училиште.

Естер во Велика Британија се запишала на студии на Отворениот универзитет и вели дека сака да докторира, а потоа да отвори своја банка.

Девојчето, кое на шест години имала едвај двојка по математија, има и шестгодишен брат, кој исто така е одличен математичар.

Нивната мајка Омонефе им одржува дома часови по математика, па дел од днвниот салон е претворен во училница.

Мајката на Естер објаснува дека таа на приемниот испит на факултетот освоила максимален број бодови. Девојчето ќе продолжи да се школува од дома, а кога ќе ги заврши студиите, сака да стане милионерка.

Таа не е прва млада Британка која на оваа возраст е примена да студита. Рут Лоренс во 1981 година како десет годишно девојче е е примена да студира на Оксфорд универзитетот, а дипломирала на 13 години со најголема оценка по математика.

Денес таа има две деца и е професор на Ајнштајновиот математички институт на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top