| четврток, 6 декември 2018 |

Бара цимерка во стан во Белград – Ако „малку му потсреди“, киријата ќе биде помала

stan

На Фејсбук групата “Студенти на белградскиот универзитет” се појавил оглас, кој на многумина им паднал во очи. Извесен студент Ненад М. објавил дека бара некого со кого би ја поделил киријата за стан лоциран
недалеку од Главната пошта.

– Барам цимерка. Станот се наоѓа на Душановац во близина на Поштата. Станот има 32 квадрати плус една терасичка, кабелска, интернет, греење на струја. Се, по особа доаѓа околу 40-60 евра во зимскиот период, а налето околу 30, гласи описот за станот, во кој Ненад уште додал и дека станот има средено купатило со машина за перење алишта, кујна и трпезарија, тераса…

1stan

Дополнително олеснување за потенцијалниот цимер може да е намалувањето на киријата, само ако тој се сложи малку да потсреди.

Веројатно овој студент нема јасна претстава за она што значи мало потсредување и темелно чистење на целиот стан кое и тоа како му е потребно.

2stan

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top