Францускиот институт во Скопје вечерва со почеток во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ја организира проекцијата на филмот „Убавицата и Себастијен“ од 2013 година во режија на Никола Вание. Во главните улоги настапуваат Феликс Босие и Чеки Карјо.
– Оваа авантуристичка и семејна драма, која се прикажува во рамките на редовниот француски киноклуб, содржи прекрасна музика и идеалистички приказ на хуманоста, ќе напише „Ле нувел обсерватер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.