Најдобриот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ ја искористи паузата од учество на тениските турнири за да се врати во Белград и да помине неколку денови со своето семејство и со пријателите.
Тој, покрај тренинзите, има време да гостува и во емисии. На националната српска телевизија во емисијата „Сведок“ откри неколку детали од неговиот приватен живот и многубројните понуди кои ги добивал додека бил млад надежен тенисер.
Тој дури одбил понуда за британско државјнаство уште на 14-годишна возраст.
– Точно е дека кога имав 14 години добив понуда за државјанство од Велика Британија. Понудата беше примамлива, но покрај одличните услови кои ми ги нудеа, едно од нивните барања беше да настапувам под британското знаме. Секако, тоа го одбив и покрај тоа што немав доволно пари да учествувам на многу јуниорски турнири. Тоа ме поттикна уште повеќе да работам и да дојдам до тоа што сум денес. Сега сум број еден токму поради таквото детство и сиромаштија. Сѐ си има свои предности – изјави Новак Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.