| четврток, 6 декември 2018 |

Емина бесна на „Икс-фактор“ се вратила од аеродром

Емина Јаховиќ вчера доживеала непријатност кога продукцијата на „Икс-фактор“ одбила да ги финансира основните потреби, како што се фризер и шминкер. Пејачката незадоволна веднаш се вратила од аеродром, каде што требало да лета за Белград и се вратила дома.

Како што пренесува српски „Телеграф“, Јаховиќ им го простила хонорарот кој продукцијата и го должи уште од минатата сезона нашоуто и одлучила дека и оваа сезона им излезе во пресрет. Кај ваквите големи проекти продукцијата е таа што ги обезбедува основните потреби на членовите на жирито, како што се фризер и шминкер кои секако работат на сетот, Јаховиќ очекувала да го добие најосновното. Продукцијата и ги соопштила своите одлуки која таа веќе била на аеродром за да патува за Белград за да присуствува на вечерата за медиумите, но од аеродром се вратила дома.

По ова, продукцијта вчеравечер ги соопшти новите членови на жирито во кое оваа сезона Емина нема да биде дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top