Утрово времето е умерено до значително облачно, претежно тивко, само во Крива Паланка со умерен северен ветер. Магла во 7 часот е забележана во Битола, Струмица и во Тетово, а магливо е и во Скопската Котлина. Утринската температура се движи од -2 до 8 Целзиусови степени, и тоа:
-2 Маврово, -1 Лазарополе, 0 Крушево, 1 Претор, Тетово, Скопје Пет., Охрид, Берово, 2 Кр. Паланка, Пожаране, 3 Пожар, Тополчани, Ѓуриште, Скопје, Кавадарци, Дебар, 4 Прилеп, Штип, Куманово, Битола, 5 Д. Капија, 6 Виница, Гевгелија, 7 Дојран, 8 Струмица.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне во источните делови од земјата со услови за појава на слаб дожд. Во средината на денот со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаб претежно јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на влажен воздушен бран утре претпладне од југ ќе се прошират врнежи од дожд проследени со слаб до умерен јужен ветер. На места ќе наврнат и над 20 л/м2. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со поврмени услови за појава на слаб дожд претежно во јужните делови од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.