| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон: Секој обид на сепаратистите за проширување ќе значат нови санкции за Русија

камеронБританскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека незаконските активности на Русија во Украина достигнуваат ново ниво и дека секој обид на проруските сепаратисти за проширување на територијата ќе резултира со нови построги санкции против Москва.

– Наместо да се смени курсот, целосно неоправданите и незаконски активности на Русија во Источна Украина достигнуваат ново ниво и проруските сепаратисти вршат бесрамно кршење на прекинот на огнот, преземајќи контрола врз градот Дебалцево, што е можно само со достава на руски војници и опрема, изјави Камерон, пред пратениците.

Камерон предупреди дека секој обид од сепаратистите за проширување на територијата ќе биде проследен со нови построги санкции од ЕУ и САД кон Русија.

Истовремено, британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, кој е во посета на Талин, ја прекори Русија за цинизмот и изрази жалење, што не се почитува договорот од Минск.

– Искуството од последните 10 или 12 дена покажува дека ангажираноста на Русија во мировниот договор од Минска е речиси циничен, изјави Хамонд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top