| четврток, 6 декември 2018 |

Либискиот Парламент се повлече од мировните преговори

libiski parlamentМеѓународно признатиот либиски Парламент денеска одлучи да го прекине своето учество во преговорите за прекин на насилството во земјата.  Според сајтот „Ал Васат“, Претставничкиот дом што заседава во Тобрук едногласно реши да ги откаже своите пратставници во преговорите и да се откаже од учеството во нивниот следен круг, закажан за четврток во Мароко, под агендата на ОН. Пратениците оваа своја одлука ја образложија со  последните терористички напади во источните региони на Либија, кои зедоа 45 жртви.

– Не може да има дијалог со оние кои се нарекуваат убијци, рече еден пратеник.

Мисијата на ОН во септември ги презеде првите обиди за надминување на либиската криза. Тогаш во Гадамес (оаза на туарезите крај границата со Алжир и Тунис) се сретнаа делегациите на двата Парламента – меѓународно признатиот од Тобрук и Парламентот од Триполи, што е поддржан од исламистите.

Вториот круг требаше да се оддржи на 9 декември, но тој не се оддржа. Обидот за обновување на дијалогот во странство, што беше предвиден за 9 јануари, исто така, пропадна. Во Женева потоа имаше серија консултации за прецизирање на  дневниот ред на преговорите и на 11 февруари, повторно во Гадамес, пратеникот на ОН Бернардино Леон одделно се сретна со двете делегации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top