Операцијата за спасување 38 турски војници, кои ја чуваат гробницата на Сулејман Шах, дедото на основачот на Отоманската имpерија Осман, што се наоѓа во Сирија, е почната поради опасноста од напад на борците на ИД, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.
Калин нагласи дека турските војници биле опкружени од борци на ИД и во опасност од можен напад. Сепак, сириските власти операцијата на турската армија за време на викендот во Сирија ја оценија како „флагрантна агресија“.
Во соопштение објавено вчера на сириската телевизија, сириските власти наведуваат дека Турција го информирала конзулатот на Сирија во Истанбул за операцијата за преместување на гробницата на Сулејман Шах, но дека не почекале за дозвола од Дамаск.
– Сириските власти ја загубија сета легитимност – нагласи Калин на вчерашното соопштение на официјален Дамаск.
Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, истакна дека Турција ја интензивира соработката со британските власти со цел за влегување во трага на исчезнатите девојчиња од Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.