| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен конкурсот за „Т’к-так фест“

tk tk festival
Објавен е конкурсот за најголемиот македонски демофестивал, „Т’к-так фест“ кој по четврти пат по ред ќе им овозможи на сите млади групи од земјава, но и од соседството, да ја почуствуваат моќта на големата бина и настапот пред неколкуилјадна публика.
Според организаторот, конкурсот за демо бендови кои ќе настапат на годинашното издание на „Т’к-так фест“ и официјално е отворен, а во согласност со истиот сите оние кои сакаат да се вклучат во трката за наградата „Трајко Каров“, која се доделува на најдобриот тапанар и која изнесува 30.000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионалните студија на еминентни продуценти треба да достават кратка биографија за групата, линк од демоснимки на две авторски песни поставени на приватен канал на „Јутјуб“. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути.
Селекторот и селекциската комисија составена од еминентни и признаени рок-музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени.
Конкурсот трае до 17 јуни 2015 година, а материјалите се испраќаат на е-пошта: tk_tak_fest@yahoo.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top