Граѓанската иницијатива „Македонски манифест“, упати отворено писмо против уривањето на државноста и националниот интегритет.
Создавањето и постоењето на „Македонски манифест“ е поврзано со зачувување на македонското име (идентитет) и територијалниот интегритет на македонската држава која веќе 25 години е под силен притисок на надворешни и внатрешни непријатели.
„Македонски манифест“ секогаш бил против поставување на партиските интереси над националните и државните, затоа што со нив се прават поделби на македонскиот народ и се урива државноста.
Денешната драматична состојба во Република Македонија наликува на таа од пред 2001 година. Иста е и целта. Затоа ги повикуваме граѓаните на Република Македонија да бидат единствени и спремни на силен отпор против сите кои работат на разнебитување на македонската држава. Мора да внимаваме на состојбите во македонските државни институции, но и на однесувањето на политичките партии. Не смееме да попуштиме пред надворешни и внатрешни фактори кои би имале за цел да го загрозат македонскиот државен интегритет и суверенитет.
Истровремено, Македонски манифест ги повикува двете најголеми македонски партии да не си играат со македонските национални интереси затоа што Република Македонија не е нивна приватна сопственост“, се вели во писмото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонски манифест: Во Македонија е ризично да си Македонец!
-
Македонски манифест со официјално писмо до владата – зошто албанските партии го решаваат спорот со името?
-
Светскиот македонски конгрес и Македонскиот манифест отфрлаат договор со Бугарија на антимакедонски основи и штетен по националните и државните интереси
-
„Македонски манифест“ со писмо до папата