| четврток, 6 декември 2018 |

Награди за најдобар есеј на тема „Имам сон“

Говорот на Мартин Лутер Кинг, „Имам сон“, се смета за најважен американски говор на 20 век. Кинг го одржал пред повеќе од 200 илјади учесници на маршот за граѓански права во Вашингтон, на 28 август 1963 година. Под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје денеска во киното „Милениум“ ќе бидат доделени наградаите за најдобар есеј по повод јубилејот – 50 години од славниот говор на Матрин Лутер Кинг.

мартин лутер кинг

Ќе се доделуваат сертификати и книги, а првонаградените ќе добијат и електронски читач за книги „киндл“. Специјална пофалница ќе добие и училиштето од кое пристигнале најмногу есеи, како и професорот што бил ментор на најмногу учесници. Сите ученици што испратиле есеј, како и нивните ментори, ќе добијат сертификат за учество.

Наградите ќе бидат соопштени на настанот, а победниците јавно ќе ги прочитаат своите есеи. Потоа ќе биде прикажан и краток документарен филм за Мартин Лутер Кинг.

На конкурсот пристигнале 375 есеи од средношколци од речиси сите градови од Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top