| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓуетнички тензии во Војводина по убиството на тинејџер Унгарец

 Убиство на 17-годишно момче од унгарска националност се заканува да ги наруши меѓуетничките односи во војводинскиот град Бечеј.

Седумнаесетгодишниот Ервин Билички е убиен во неделата. Неговото тело е пронајдено пред пекарница во Бечеј. Очевидци тврдат дека момчето било претепано од група луѓе на возраст од 30 до 40 години, кои наводно биле од селото Петрово, село во близина на Бечеј. Според првичните информации, неговите убијци биле роднини на неговата девојка, кои се противеле таа да се омажи за него.

Според српските медиуми, убиството на момчето предизвикало огромни реакции меѓу жителите на Бечеј, кои преку социјалните мрежи барале од медиумите да не шират национална омраза. Пораките особено се однесуваат на некои портали на унгарски јазик, кои информирале дека Ервин е убиен само затоа што е Унгарец.

Според првичните информации од обдукцијата, во белите дробови на Билички е пронајдена вода. Се претставува дека тој најпрво бил претепан, а откако загубил свест, бил фрлен во бара каде што е и најдено неговото тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top