Владата во Атина до вечерва треба да им го објасни на министрите за финансии од еврозоната планот за мерки за штедење кој, ако биде прифатен, ќе биде основа за продолжување на кредитната помош за Грција во следните четири месеци.
Премиерот Алексис Ципрас и неговиот коалициски кабинет се надеваат дека ќе ја убедат еврогрупата со ветување дека ќе се посветат на борбата против корупцијата и затајувањето данок.
Сите 18 држави од еврогрупата треба да добијат согласност од своите парламенти пред 28 февруари кога истекува сегашниот план за финансиска помош на Грција за да се продолжи до крајот на јуни.
Грчкит премиер сака парламентот во Атина последен да гласа за сопствениот предлог пакет-мерки.
Германски „Билд“ објави дека доколку Брисел ги одобри мерките, Грција ќе добиде седум милијарди евра во рамки на борба против илегална трговија.
Засега не постои гаранција дека Ципрас ќе добие зелено светло од еврогрупата за дел мерки со кој се укинуваат строгите мерки за штедење, а тоа е ветеното зголемување на минималната заработувачка и малите пензии, заштита на домовите од запленување поради долгови и престанок на приватизацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција