Најмалку 13 лица загинаа во свлечишта од кал во Бразил. Природната несреќа во државата Рио де Жанеиро била предизвикана од поројните дождови. Меѓу жртвите има двајца професионални спасувачи, кои биле однесени од калта. Над 100 семејства биле евакуирани од своите домови.
Најтешко настрадан е планинскиот град Петрополис, каде што за 24 часа се излеале 300 милиметри врнежи. Многу улици се претворени во брзи потоци, а луѓето не можат исправено да се движат по нив. Според синоптичарите, врнежите нема да запрат во следните неколку часови.
Повеќе од 900 лица загинаа, а 400.000 беа принудени да ги напуштат своите домови во поплавите предизвикани од пороите во планинските реони на бразилската државата Рио де Жанеиро во јануари 2011 година, потсетуваат агенциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.