Многу експериментирање кај поважните учесници во синоќешното доделување на наградите „Оскар“ немаше, но затоа неколку модни испади беа забележани кај првите гости пред „Долби театарот“ во Лос Анџелес.
Една од испадите беше младата актерка Лорелеј Линклатер од филмот „Момчештво“, која за своето прво појавување на престижните награди одбра фустан од Габриела Кадена.
Сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс, беше една од многуте кои вчеравечер ја одбраа црвената боја, но нејзиниот фустан модната полиција веднаш го оцени како еден од најлошите.
Уште еден, трет во низа црвен фустан кој неславно помина на црвениот тепих е младата и не толку позната актерка Бланка Бланко.
Криа Најтли никако да го пронајде вистинскиот фустан за нејзината сѐ поодмината бременост.
Фустанотна „Версаче“ воопшто не легна на фигурата на Џесика Честејн, па наместо полн погодок, оваа соработка остана на лошата страна на „Оскарите“.
„Некој го заборавил правилото пред да излезеш од дома, соблечи еден детаљ“, беше еден од најчестите коментари на интернет, алудирајќи на нејзиниот голем ѓердан, кој веројатно ѝ се допадна само на Скарлет Јохансон.
Кај машките претставници ретки беа испадите, а најлош изглед интернет-критиката додели за раперот и продуцент Вил Ај Ем.
Најозборуван изглед според објавувањата на „Твитер“ од гледачите низ светот беше фустанот, и особено ракавиците, на Лејди Гага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.