| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошото од црвениот килим на „Оскар 2015“ (ФОТО)

87th Academy Awards - Arrivals

Многу експериментирање кај поважните учесници во синоќешното доделување на наградите „Оскар“ немаше, но затоа неколку модни испади беа забележани кај првите гости пред „Долби театарот“ во Лос Анџелес.

87th Academy Awards - Arrivals

Една од испадите беше младата актерка Лорелеј Линклатер од филмот „Момчештво“, која за своето прво појавување на престижните награди одбра фустан од Габриела Кадена.

87th Academy Awards - Arrivals

 

Сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс, беше една од многуте кои вчеравечер ја одбраа црвената боја, но нејзиниот фустан модната полиција веднаш го оцени како еден од најлошите.

25F7E29800000578-2964465-The_usually_stylish_Solange_Knowles_turned_up_to_the_Oscars_wear-a-4_1424674282894

 

Уште еден, трет во низа црвен фустан кој неславно помина на црвениот тепих е младата и не толку позната актерка Бланка Бланко.

87th Academy Awards - Arrivals

87th Academy Awards - Arrivals

 

Криа Најтли никако да го пронајде вистинскиот фустан за нејзината сѐ поодмината бременост.

 

87th Academy Awards - Arrivals

 

Фустанотна „Версаче“ воопшто не легна на фигурата на Џесика Честејн, па наместо полн погодок, оваа соработка остана на лошата страна на „Оскарите“.

87th Academy Awards - Arrivals

„Некој го заборавил правилото пред да излезеш од дома, соблечи еден детаљ“, беше еден од најчестите коментари на интернет, алудирајќи на нејзиниот голем ѓердан, кој веројатно ѝ се допадна само на Скарлет Јохансон.

87th Academy Awards - Arrivals

Кај машките претставници ретки беа испадите, а најлош изглед интернет-критиката додели за раперот и продуцент Вил Ај Ем.

87th Academy Awards - Arrivals

Најозборуван изглед според објавувањата на „Твитер“ од гледачите низ светот беше фустанот, и особено ракавиците, на Лејди Гага.

87th Academy Awards - Arrivals 87th Academy Awards - Arrivals

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top