| четврток, 6 декември 2018 |

Металург се прости од Европа со достоен пораз од Загреб во Скопје

РК Металург по сите перипетии што го следеа оваа сезона во Лигата на шампионите со праз го заврши натпреварувањето на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ од ППД Загреб со 20-22.
Загреб одлично го започна натпреварот со четири гола во серија. Металург во овој период од играта цели 10 минути се мачеше да го постигне првиот гол. Загреб продолжи со добри напади и во тој момент го имаше и најголемото водство од 7-2 во 13.минута. До крајот на првиот дел „металурзите“ воспоставија резултатска незивесност со голот на Џукиќ во самиот финиш од првото полувреме. Сепак на полувремето се отиде со два разлика за гостите 12-10.

Во вториот дел кормиларот на Загреб добропознатиот Веселин Вујовиќ почна да го комбинира составот и можеби тоа беше причината Металург да дојде до израмнување. Во овој период од играта за првпат влезе новиот играч на Металург, Раде Стојановиќ кој со три гола во серијата од 4-0 успеа да го одведе својот тим до 18-18.
Неискуството на младите играчи на Металург си го направи своето и со брзоплети грешки во нападот му овозможи на гостинот да се одлепи на 22-18. До крајот Металург успеа да да постигне уште два гола и да го ублажи поразот.
Најефикасен кај домаќините беше Бувиниќ со шест гола, а голманот Митевски успеа да фати 10 топки.

Металург натпреварите во групата ги заврши на последното шесто место со три бода, додека Загреб е трет и е можен противник на Вардар во осминафиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top