| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган задоволен од операцијата на турската армија во Сирија

erdogan41-600x426Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и честиташе на Владата и на турската армија за синоќешната успешната операција во Сирија за евакуација на турските војници и на саркофагот на Сулејман Шах.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу претходно изјави дека одлуката за операцијата е донесена поради влошената безбедносна ситуација во околината на гробницата на Сулејман Шах. Гробницата се наоѓа во зона која е под контрола на Исламска држава.

Давутоглу истакна дека во операцијата учествувале 572 турски војници и 40 тенкови.

Гробницата била разурната за да не се користи од припадниците на Исламска држава (ИД). Посмртните останки на Сулејман Шах привремено ќе останат во Турција, а потоа ќе бидат погребани на друго место во Сирија.

Во текот на воената интервенција немало судири со џихадистите на ИД, но еден турски војник загинал. Според турските воени власти, војникот загинал во несреќен инцидент.

Сириската Влада упадот на Турција во северниот дел на Сирија го оцени како агресивен чин, додавајќи оти Анкара ќе биде одговорна за последниците.

– Турција не е задоволна со тоа што им дава секаков вид на поддршка на своите марионети од Даеш (Исламска држава), Фронтот Ал Нусра (огранок на Ал Каеда) и на другите терористички групи. Турција дури изведе … безобразна агресија врз сириска територија, се наведува во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека турската Влада ги известила Конзулатот на Сирија во Истанбул за операцијата, но оти не чекала дозвола од Дамаск.

Турската војска синоќа евакуира 40 турски војници кои ја чуваат гробницата на Сулејман Шах, дедото на основачот на Отоманската империја. Гробницата се наоѓа на локацијата, која Анкара ја смета за суверена територија.

– Фактот дека ИД не ја има нападнато гробницата ја потврдува цврстата врска меѓу турската Влада и ова терористичка организација, се наведува во соопшттението на сириското МНР.

Сириските власти тврдат дека операцијата на турската армија претставува кршење на договорот потпишан во 1921 година, со кој гробницата на Сулејман Шах е турска енклава во Сирија. Гробницата се наоѓа во близина на турско-сириската граница, јужно од градот Кобане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top