| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Да нема излузии, ниедна држава не е воено посупериорна од Русија!

Русија секогаш ќе пронајде адекватен одговор на притисоците кои доаѓаат однадвор.

Ова го порача рускиот претседател Владимир Путин за време на гала шоуто за претстојниот Ден на бранителите на татковината, кој се слави во чест на оние кои служеле во војска.

-Никој не би требало да негува било какви илузии дека е можно да се постигне воена надмоќ над Русија или да се изложи на некаков притисок. Како и секогаш, ние имаме адекватен одговор на таквите непромислени акти, рекол Путин обраќајќи се во јавноста.

Путин понцирал дека руските војници и полицајци докажале дека се подготвени да делуваат одлучно, присебно, професионално и храбро.

Путин истакнал и дека подоцна оваа година, на 9-ти мај, светот ќе слави 70 години од крајот на Втората светска војна.

-Тоа е наша победа, наша историја која сесрдно ќе ја браниме од лаги и заборав, истакнал Путин, притоа мислејќи на обидите на претставниците на Украина и Полска да ја избришат историјата и да ја поткопаат улогата на Русија за време на Втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top