Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович вети дека ќе се врати во земјата за да и помогне, пренесоа француските медиуми.
-Веднаш штом ќе ја добијат таквата можност ќе се вратам и ќе направам се што е во мои сили за да го олеснам животот во Украина, рече Јанукович во интервју за Првиот канал на руската телевизија.
Тој изјави дека „ Господ ме остави жив и тоа е можеби затоа што се уште има потреба од мене“.
-Денеска Украина е нападната.. и во неа царуваат произволноста и неправдата, рече Јанукович.
Делови од интервјуто денеска беа објавени на првата годишнина од бегството на украинскиот проруски претседател од главниот град Киев под притисок на прозападните демонстранти.
На крајот Јанукович побегна во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина