| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје загуби во инфакрт завршница, Миладин Пековиќ постигна тројка во последната секунда!

Екипата на Кожуф направи вистинска сензација во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија во кошарка победувајќи го апсолутниот фаворит за освојување на пехарот МЗТ Скопје со 75-74.
Во крајно неизвесен натпревар повеќе среќа во финишот имаа гостите од Гевгелија бидејќи капитенот на тимот, Миладин Пековиќ при резултат 74-72 за домаќините на само 0,8 секунди до крајот успеа да погоди тројка и да го одведе Кожуф во големото финале.
Управата на МЗТ се надеваше на одбрана на титулата од минатата година, вложувајќи големи средства за да ја добие организацијата на купот, но се падна во вода откако тимот загуби уште во полуфиналето.
Натпреварот како и што се очекуваше беше тврд, тежок и крајно неизвесен до самиот финиш.

Kosarka mzt-rabotnocki 19 (Custom)

МЗТ најголемата предност ја направи на крајот од третиот период кога успеа да се одлепи на шест позитива. Сепак избраниците на новиот тренер Милош Пејиќ со ладни глави го продолжија натпреварот и со ангажирана игра во одбраната и долги напади ја анулираа предноста на МЗТ и со тројката на Пековиќ дојдоа до победата.
МЗТ имаше уште една шанса, но ударот на Лучиќ заврши преку кошот.
Синовец од реддовите на МЗТ одигра одличен натпревар постигнувајќи 27 поени, но и тоа не беше доволно за пласман во финалето. Кај Кожуф Брчков со 14, Албијаниќ со 13 и Пековиќ со 11 коша беа најзабележителни во својот тим.

Второто полуфинале го играат екипите на Работнички и Куманово кое започнува во 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top