| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен познат скопски дилер

diler578536105

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе  кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Ф. Џ.  (48) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од страна на  судија на  претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Имено пријавениот, од засега непознато лице набавил поголема количина на хероин, кој го препакувал и чувал во својот дом при што истиот ја продавал дрогата на зависници и овозможувал на дел од нив да ја користат во неговиот дом.

Со Наредба од судија на претходна постапка е извршен претрес во неговиот дом,  при што се пронајдени 7,45 грама хероин спакуван во четири полиетиленски паковки, 19,40 грама мешавина од парацетамол и кафетин и 14,66 грама лактоза, кои се мешаат со хероинот.

На пријавениот, и претходно му била  поднесена кривична пријава за недозволена трговија со синтетички дроги, а истиот е трипати кривично пријавуван за прикривање на предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top