Осуманесет годишно момче (О.И.) било претепано и прободено со нож на скопскиот булевар „Кочо Рацин“ од страна на неколку непознатни лица.
Тој рано наутро бил донесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со повреда од нож во пределот на ногата како и скршеница на долна вилица.
Непознати лица физички го нападнале при што му одзеле една машка торбица во која имало 3.000 денари, мобилен телефон и друго, а едно од лицата со употреба на нож му нанел повреда по што избегале од лице место.
Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.