И денеска не запираат борбите во источна Украина и покрај обновените напори на европските лидери за обезбедување почитување на примирјето, пренесоа британските медиуми.
Украинските војници утринава изјавија дека во последните 24 часа проруските сепаратисти 49 пати ги нападнале позициите на владините сили, користејќи ракети, тешки орудија и оклопна техника.
– Бројот на напади покажува дека терористите не сакаат нивното оружје целосно да замолкне – рече армискиот портпарол Анатолиј Стелмах.
Бунтовниците, исто така, ја обвинуваат армијата дека го прекршува примирјето, тврдејќи дека таа нападнала станбени квартови на Донецк.
Во овој град вчера била убиена една жена, соопшти прес службата на Донецките сепаратисти.
Според очевидец, цитиран од британските медиуми, еден тенк на бунтовниците денеска гранатирал позиции кај гратчето Вухленирск, во близина на Дебалцево. Ова покажува дека борбите во овој реон сè уште не се прекинати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина