| четврток, 6 декември 2018 |

Турската баклава мора да биде златножолта и со дебелина од 3,5 сантиметри

024861330

Турскиот институт  за стандардизација (ТИС) донесе заклучок со кој се утврдуваат стандардите за еден од најпознатите турски десерти, турската баклава, која отсега мора да биде со златножолта боја и со дебелина 3,5 сантиметри.

Според оваа одлука, баклавата не смее да има густ прелив.

Утврдено е дека некои производители место ф’стаци, користеле сушен грашок во прав или други растителни производи, а место масло, користени се трансмасти и други имитациски материјали.

Со усвојување на стандардите на ТИС, јасно е дефиниран правилникот во користење на намирниците што се потребни за правење баклава, како и начинот на нејзино подготување, со оглед дека баклавата во турските региони се подготвува на различни начини.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top