Делчевски гастарбајтер им дал 4.000 евра на негови роднини за да ги уплатат на негова сметка во Македонија, а тие парите си ги ставиле в џеб.
МВР јави дека за С.Д.(25) од Куманово и за М.Ј.(61) од Македонска Каменица е поднесена кривична пријава за дело затајување.
Во текот на декември 2012 година, С.Д. била на гости во Италија кај нејзиниот роднина В.Ј. и истиот ѝ дал 4.000 евра со цел во Македонија да ги уплати на неговата сметка. Наместо да ги уплати , С.Д. парите ѝ ги дала на второпријавената, инаку нејзина тетка . Кога В.Ј. се вратил во Македонија, по извршени проверки на жиро-сметката видел дека не е извршена никаква уплата, а, исто така, парични средства во износ од 16.000 евра, што предходно двапата ѝ ги дал на М.Ј. за реновирање стан, кој предходно му го подарила, М.Ј. си ги присвоила, а во судска постапка го раскинала договорот за дар на станот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.