Со концерт на Македонската филхармонија, под диригентство на Борјан Цанев, на 28 март ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонска музика 2013“.
На концертот насловен „Синтези“ ќе бидат изведени народни македонски песни аранжирани и оркестрирани од македонските автори Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Живојин Глишиќ, Драган Даутовски, Кокан Димушевски, Тодор Трајчевски, Сони Петровски, Горан Начевски, Дамјан Темков и Мајкл Бакрнчев.
На концертот ќе бидат изведени многубројни познати теми, меѓу кои: „Мори чупи Костурчанки“, „Кажи, кажи, либе Стано“, „Бор садила“, „А бре Македонче“, „Учи ме мајко, карај ме“, „По друм одам“, „Си заљубив едно моме“, „Јовано, Јованке“ и други, а ќе настапат наши познати солист: Драган Даутовски, Сузана Спасовска, Леб и сол, Ѓоко Таневски, Андријана Јаневска, Наде Талевска, Јана Бурческа, Иван Наумовски и други.
Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот.
Манифестацијата „Денови на македонска музика“ се реализира под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, а е поддржан од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан