| четврток, 6 декември 2018 |

Милорад Додиќ: Попрво Република Српска ќе излезе од БиХ отколку што БиХ ќе влезе во ЕУ!

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјавил дека поскоро Република Српска ќе се одвои од Босна и Херцеговина (БиХ), отколку што БиХ ќе влезе во Европската унија (ЕУ), пренесуваат босанските медиуми.

Додик смета дека ЕУ на БиХ и дала „жешки и потешки“ услови во споредба со условите од пред една година и дека меѓународната заедница „насилно ја чува БиХ“, и затоа земјата не може да опстои.

-Освен прашањето за механизмот на координација и пресудата Сејдиќ – Финци, сега имаме уште еден услов – Европската комисија да процени каков е напредокот во однос на економските реформи, презицирал Додик, запрашувајќи се „какви се тие реформи што се спроведени во БиХ“.

Тој напоменал и дека Хрватска веќе не крие оти сака да и помогне на хрватската компонента.

-Народот мора да сфати дека во БиХ ништо не функционира. Јас никогаш не сум се обидел да го срушам Уставот на БиХ, но се спротивставив на рушењето на уставниот поредок, порачал Додик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top