| четврток, 6 декември 2018 |

Милитанти на Исламска држава влегле во Турција и планираат напади

Околу 3.000 милитанти на Исламска држава од соседните Сирија и Ирак настојуваат да влезат во Турција преку нејзината јужна граница, откако не успеаја да го зазема сирискиот град Ајин ал-Араб, односно Кобане, третиот по големина курдски град во Сирија, на само еден километар од турската граница, што, исто така, ќе им овозможеше непречено да контролираат 400 километри од вкупно 900 километри долгата турско-сириска граница, пишува весникот Hurriyet повикувајќи се на интерен доверлив документ на разузнавањето MIT.

Се верува дека некои од милитантитет, меѓу кои и команданти кои ги планираат нападите, веќе успеале да влезат во Турција и дека се наоѓаа во т.н. безбедни куќи, се наведува во извештајот на кој се повикува весникот. Меѓутоа, забележливо е дека во документот нема процена за колкав број џихадисти станува збор.

-Милитантите кои се тренирани и стручни за планирање и изведување самоубиствени и бомбашки напада подготвуваат (…) напади врз дипломатските и други мисии на земјите од коалицијата којашто интервенира во Сирија, особено во Анкара и во Истанбул, како и вопокраините Адана и Хакај, го цитира Hurriyet документот на турското разузнавање датиран од 3-ти февруари.

Турското разузнавање предупредува, исто така, дека непознат број Сиријци и Палестинци на возраст меѓу 17 и 25 години влегле во Турција прикриени како бегалци, и тие планирале да заминат во Европа преку Бугарија, со цел да ги нападнат земјите коишто учествуваат во антиџихадистичката коалиција предводена од САД.

Разузнавачката агенција предупредува и дека утврдувањето на идентитетот и локациите на коишто престојуваат милитантите на Исламската држава на турската територија е многу тешка задача, но не се откриваат причините за тоа.

Областа на турско-сириската граница Суруч, во југоисточната покраина Шанлиурфа, од неодамна е прогласена за „забранета воена зона“, по предупредувањето од MIT. Кабинетот на покраинскиот гувернер неодамна изјави во врска со прогласувањето на забранетата воена зона дека тоа е сторено поради безбедноста на граѓаните, како и за избегнување на заканите, без дополнително да се конкретизира. Тоа се случи откако на 13-ти февруари во близина на Суруч беше детонирана бомба на далечинско управување при што загинаа тројца полицајци.

Од турската полиција одбиле да го коментираат ова тврдење, а од разузнавачката агенција не бидел достапни за коментар.

Турција подолг период од своите западни партнери е критикувана дека толерира минување преку нејзината територија на странски борци кои им се приклучуваат на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак. Според последните процени на западните разузнавачки агенции, во редовите на Исламската држава се борат околу 20.000 странски платеници и доброволци од повеќе од 80 земји од целиот свет.

Оттаму, во втората половина од 2014 година, Анкара ја зголеми својата соработка во безбедноста и разузнавањето со европските земји, што резултираше со забрана за влез на нејзината територија и престој на илјадници странски државјани.

Турските власти депортирале 1.056 странец и им забранила патувања на 7.833 државјани претежно на западни земји, како дел од напорите за спречување на регрутирањето на нови џихадистички борци на боиштата во соседните држави, изјави во јануари пред турските амбасадори, директорот на MIT, Хакан Фидан.

Во меѓувреме, Хакан Фидан на 7-ми февруари поднесе оставка, за да се кандидира за место во парламентот од владејачката Партија на правдата и развојот (АКР) на општите избори кои се закажани за 7-ми јуни годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top