| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен концерт на Драган Даутовски за „Трескавец“

Dragan-Dautovski-(2)

Македонскиот музичар Драган Даутовски ќе одржи хуманитарен концерт за обнова на манастирот „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец кај Прилеп, в четврток, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Влезниците за концертот на Драган Даутовски чинат 100 денари, а собраните пари ќе одат за обнова на опожарениот манастир „Трескавец“.

Досега се одржаа повеќе хуманитарни концерти и претстави во Прилеп, со цел собирање пари за обнова на конаците кои изгореа во големиот пожар што го зафати манастирот пред повеќе од еден месец.

Конаците на манастирскиот комплекс „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец изгореа, а црквата не беше зафатена од пожарот, кој избувна на 4 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top