–Турција депортирала повеќе од 1.100 странски борци што сакале да се присоединат кон џихадистите во Ирак и во Сирија – изјави турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз на министерска средба во Вашингтон, посветена на борбата против тероризмот.
– Кога добиваме навремена и полезна разузнавачка информација, ние сме способни да ги запреме или да ги депортираме. Странските борци се наш заеднички непријател – рекол Јилмаз.
Средбата против тероризмот во Вашингтон се одржа во рамки на форумот на високо ниво во Белата куќа за одговор на насилствата и екстремизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.