| четврток, 6 декември 2018 |

Над 90 отсто од украинските војници се повлекоа од Дебалцево

Ukrainian servicemen ride on military vehicles as they leave area around Debaltseve

Повеќе од 90 отсто од украинските сили се повлекоа од стратешкиот град Дебалцево и околината, соопшти денеска потпаролот на украинската војска, Анатолиј Стелмах. Сепак, тој не можеше да прецизира кога повлекувањето ќе биде завршено.

Стеламх уште рече дека проруските сили во текот на вчерашниот ден жестоко гранатирале село во предградието Маријопул.

Украинските сили вчера почнаа да се повлекуваат од Дебелцево после повеќенеделните жестоки судири иако примирјето стапи во сила на 15 февруари.

Во украинскиот конфликт кој почна во април минатата година животот го загубија повеќе од 5.600 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top