Дејан Манасков одигра одличен меч за Вецлар и постигна 9 гола, но и тоа не беше доволно да се победи Мелсунген во 23. коло од Бундеслигата.
Македонскиот репрезентативец блескаше и беше главен адут на домаќините во локалното дерби, а финишот беше кобен за Вецлар. По предноста од два гола, 21-19, дојде до пад во играта на деветопласираната екипа во Германија, што го искористија гостинските играчи и славеа со 31-29. Со овој пораз Вецлар го загуби чекорот во битката за првите шест места во Бундеслигата што гарантираат настап во европските купови.
Пораз претрпи и Филип Миркуловски со Хановер, исто така, на домашен терен од Фуксе Берлин со 26-31. Интересно, и Вецлар и Хановер имаат ист број бодови, 22 на деветтата, односно десеттата позиција на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.