Утрово имаме сончево и студено време со слаб, а во Скопско и Штипско до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движат од -14 до -1 и тоа: -14 Маврово, -12 Берово, Лазарополе, -10 Крушево, Кр. Паланка, -8 Битола, Пожаране, -7 Скопје Пет., Прилеп, Виница, Охрид, Претор, Тетово, -6 Д. Капија, Штип, Дебар, -5 Скопје, Куманово, Кавадарци, Струмица, -2 Дојран, -1 Гевгелија.
Денеска времето ќе биде сончево со локална облачност во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со локална облачност во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер. Дневна температура до 9 степени.
И во петок времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура и понатаму ќе биде негативна, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во сабота ќе се зголеми облачност, но наутро сè уште ќе биде студено. Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините снег. Внрнежите ќе бидат повремени и преку ноќта кон понеделник. Нов влажен бран со нови врнежи од дожд се очекува во среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.