| четврток, 6 декември 2018 |

Тунис е против каква било воена интервенција во Либија

хабиб

 Тунис е против каква било воена интервенција во соседна Либија наспроти вчерашниот повик на Египет, изјави денеска тунискиот премиер Хабиб Есид.

– Секогаш сме биле против воена интервенција. Единствено решение е политичкото – изјави денеска на прес-конференција премиерот, кој стапи на должност на почетокот на февруари.

Според него, главна причина за сегашната ситуација во Либија е воената интервенција на Западот против режимот на Муамер Гадафи. – Затоа нашата позиција за тоа прашање е категорична – нагласи Есид.

Вчера Египет побара од Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција, со која се дозволува воена интервенција на меѓународната коалиција во Либија.

Тунис стравува од можноста за дестабилизирање на соседна Либија од судирите меѓу ривалски групи, поради што повика за национален дијалог меѓу различни либиски фракции. Туниските власти, исто така, стравуваат и од масовна имиграција, како што имаше во 2011 година за време на бунтот против Гадафи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top