| четврток, 6 декември 2018 |

Адидас ја престави топката „Финале Берлин“ со која ќе се игра финалето на Лигата на шампионите

Германската компанија за производство на спортска опрема Адидас, официјално ја престави топката со која ќе се игра финалето на Лигата на шампионите оваа година кое ќе се одржи во Берлин.
Дизајнот на топката е инспириран од мечката, симболот на Берлин, од младиот и динамичен живот во германската престолнина, како и од уличната уметност во градот.
Ѕвездата на врвот на топката, го отсликува најпрепознатливиот симбол на главниот град, Брандебургската порта, поставена пред легендарниот „Олимписки стадион“ во Берлин каде на 6 јуни ќе се одржи големото финале во Лигата на шампионите.
Слично како останатите топки за финалето на Лигата на шампионите, направени од компанијата , надворешниот слој на топката „Финале Берлин“ е специјално дизајниран и изработен за да обезбеди оптимално користење на фудбалерите.
Термички залепениот ѕвезден панел на топката, базиран на логото на Лигата на шампионите, е без шевови за првокласно претставување на теренот.
Топката во слободна продажба ќе чини околу 160 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top