Колумнистот Ивор Мицковски, кој е близок до СДСМ, со статус својот профил на „Фејсбук“ уште еднаш го критикуваше работењето на македонската опозиција.
Тој, во однос на се поочигледните лаги и манипулации ширени од медиумите на СОРОС и опозицијата, напиша дека треба да „разберат дека со ширење на хистерија, дезинформации, плитки спинови испаѓаат двојно глупи, си прават штета самите себеси“.
-Кога ќе разберат некои дека ширењето хистерија, дезинформации, плитки спинови е нешто што највеќе ги идентификува со режимот кој наводно сакаат да го сменат, а притоа во таа игра секогаш ќе губат. Така испаѓаат двојно глупи, си прават штета самите себеси, но прават штета и на поширокиот демократски фронт кој се бори за суштинско разликување и нудење алтернативно однесување и резонирање, напиша Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.