| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно мобилизација, МЗТ – Работнички во „Јане Сандански“ со почеток од 18.30 часот

Вечерва со почеток од 18.30 часот во новиот спортски центар „Јане Сандански“ ќе се одигра вториот дерби натпревар оваа сезона меѓу вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички.
Управата на клубот од Аеродром прави се за да се наполни салата со нивните симпатизери. Дозволи бесплатен влез на сите оние што сакаат да го проследат овој натпревар а имаат лична карта од Аеродром. Влез за сите останати е забранет. Карти во редовна продажба нема.
Поради ваквата одлука се вжешти атмосферата во двете најголеми кошаркарски навивачки групи, Фемили и Сити Парк Бојс.
Фемили Аеродром со свое соопштение излезе во јавноста дека не ја подржува ваквата одлука. Впрочем за МЗТ има симпатизери и од другите населби и општини.
Сити Парк Бојс добија ограничен број на билети кои им следуваат на гостински навивачи.

mzt krka _005

Во таборот на двата тима има играчи кои веќе ги носеле боите на двата клуба. Во последните пет години ова можеби е најизедначената сезона по квалитет на двата тима.
За овој натпревар се зборува со денови наназад. Социјалните мрежи се преплавени од досетки на навивачите од двата табора. Цел град е на нозе.
По немилите сцени што се случија на првиот натпревар во „Градски парк“ кога натпреварот беше прекинат, денеска сите посакуваат одлична кошаркарска престава, без никакви инциденти пред за време и по натпреварот. Сепак ова е празник, да победи кошарката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top