Во пресрет на вечното кошаркарско градско дерби помеѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички новиот директорот на КК Работнички Васко Кичевски повикува на фер плеј и спортско навивање без инциденти без разлика на случувањата од последниот натпревар.
– Натпреварот помеѓу МЗТ и Работнички секогаш предизвикува голем интерес во јавноста но овој пат натпреварот е посебно интересен со оглед на тоа како заврши минатото дерби. Но спред мене минатото треба да го оставиме и денешниот натпревар да помине во духот на спортот, а за мене тоа значи фер плеј, корекно навивање и фер судење па подобриот нека победи. Доколку овие услови се обезбедат, убеден сум дека крајниот резултат ќе е во наша корист.
Како што веќе кажав, минатото треба да го оставиме зад нас. Дeлегирањето на судиите беше преку ждрепка, а тројката која е избрана да ни суди е составена од тројца ФИБА судии кои верувам дека ќе судат професионално. На крајот на краиштата овој натпревар ќе биде следен од цела Македонска јавност и не верувам дека било кој би се дрзнал втор пат да го уништи вечното дерби – изјави Васко Кичевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.