Петмина пратеници се повредени во тепачка што се случила во турскиот парламент во којашто летале столици, а пратеници се удирале со чеканчето и звоното со коешто се служи претседателот на парламентот за време на заседавањето, јавуваат турските медиуми.
Тепачката се случила откако пратенциите од опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог закон за безбедност, којшто на полицијата би и дал поголеми овластувања за време на претресите и апсењата.
Пратениците се степале на затворена седница, откако опозициските пратеници во обид да го спречат усвојувањето на законот поднеле неколку барања кои немале врска со оваа тема.
Пратеникот на прокурдската партија Ертугрул Курчку изјавил дека за време на физичката пресметка летале столици, а двајца пратеници се удрени со чеканчето и звоното.
Во болница се пренесени двајца пратеници, додека на Курчку и уште двајца пратеници им е пружена помош во амбулантата во зградата на парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.