| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко Јоксимовиќ по шести пат на „Евровизија“

Српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ по шести пат ќе учествува на „Евровизија“, овојпат како композитор. Јоксимовиќ ја прифатил поканата на црногорската делегација да напише песна со која нивниот претставник Ненад Кнежиќ – Кнез ќе се натпреварува во Виена на европската музичка манифестација, која ќе трае од 19 до 23 мај.

Точно е дека добив повик од Црногорците и тоа за мене е голем предизвик. Секоја година добивам многу повици за да напишам песна за Евровизија. Така беше и тука и тоа добив позив од три земји. Иако сум во завршна фаза со работатат на својот албум, понудата од Црногорците е нешто што навистина не можам да го одбијам – потврдил Јоксимовиќ за „Курир“.

Јоксимовиќ како пејач ги има освоено второто и третото место на „Евровизја“, во 2004 година со „Лане моје“ кога пееше за Србија и Црна Гора, односно во 2012 со „Није љубав ствар“ за Србија.

Како композитор се потпиша на песните на Јелена Томашевиќ и на Хари Мата Хари, а со неговата сегашна сопруга беше и водител кога „Евровизија“ се одржуваше во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top