Српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ по шести пат ќе учествува на „Евровизија“, овојпат како композитор. Јоксимовиќ ја прифатил поканата на црногорската делегација да напише песна со која нивниот претставник Ненад Кнежиќ – Кнез ќе се натпреварува во Виена на европската музичка манифестација, која ќе трае од 19 до 23 мај.
– Точно е дека добив повик од Црногорците и тоа за мене е голем предизвик. Секоја година добивам многу повици за да напишам песна за Евровизија. Така беше и тука и тоа добив позив од три земји. Иако сум во завршна фаза со работатат на својот албум, понудата од Црногорците е нешто што навистина не можам да го одбијам – потврдил Јоксимовиќ за „Курир“.
Јоксимовиќ како пејач ги има освоено второто и третото место на „Евровизја“, во 2004 година со „Лане моје“ кога пееше за Србија и Црна Гора, односно во 2012 со „Није љубав ствар“ за Србија.
Како композитор се потпиша на песните на Јелена Томашевиќ и на Хари Мата Хари, а со неговата сегашна сопруга беше и водител кога „Евровизија“ се одржуваше во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.